GLM250 VF激光测距仪数据表.pdf - 第211页
Македонски | 211 Bosch Power Tools 1 609 92A 1YW | (8.7 .16) И лустра ц и ј а на ко м поненти Н у м ерира њ ето на сликите со ко мп оненти се однесува на п риказот на м ерните а п арати на гра ф и ч ката стран ица. 1 Бло…

210 | Македонски
1 609 92A 1YW | (8.7.16) Bosch Power Tools
Мерниот уред се испорачува со натпис за
предупредување (означено на приказот на мерниот
уред на графичката страна со број 19).
Доколку текстот на налепницата за предупредување
не е на вашиот јазик, врз него залепете ја
налепницата на вашиот јазик пред првата употреба.
Не го насочувајте ласерскиот зрак на
лица или животни и не погледнувајте
директно во него или неговата
рефлексија. Така може да ги заслепите
лицата, да предизвикате несреќи или да
ги оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш
треба да ги затворите и да ја тргнете главата од
ласерскиот зрак.
Не вршете никакви промени на ласерскиот уред.
Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро
препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат
од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не
даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на мерниот уред.
Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот
мерен уред без надзор. Може да ги заслепат другите
лица поради невнимание.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои
опасност од експлозија, каде има запаливи
течности, гас или прашина. Мерниот уред создава
искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на мерниот уред, и држете ја отворена додека го читате
упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за мерење на оддалеченост,
должини, висини, растојанија и за пресметување на
површини и волумени. Мерниот уред е наменет за
мерење во внатрешен и надворешен простор.
Технички податоци
Дигитален ласерски мерен уред на далечина GLM 150 GLM 250 VF
Број на дел/артикл
3 601 K72 000 3 601 K72 100
Целна оптика
–
Мерно поле
0,05–150 м
A)
0,05–250 м
A)
Точност при мерењето (типична) ±1,0мм
B)
±1,0мм
B)
Најмала единица на приказ 0,1 мм 0,1 мм
Температура при работа
–10°C...+50°C
C)
–10°C...+50°C
C)
Температура при складирање –20 °C...+70 °C –20 °C...+70 °C
релативна влажност на воздухот макс.
90 % 90 %
Класа на ласер
22
Тип на ласер
635 nm, <1 mW 635 nm, <1 mW
Дијаметар на ласерски зрак (при 25 °C) околу
–во 10м растојание
– во 150 м растојание
6 мм
D)
90 мм
D)
6 мм
D)
90 мм
D)
Батерии
Батериски ќелии
4x1,5VLR03(AAA)
4 x 1,2 V HR03 (AAA)
4x1,5VLR03(AAA)
4x1,2VHR03(AAA)
Рок на траење на батеријата околу
– Единечни мерења
– Континуирано мерење
30000
E)
5 ч
E)
30000
E)
5 ч
E)
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 0,24 кг 0,24 кг
OBJ_BUCH-947-007.book Page 210 Friday, July 8, 2016 10:44 AM

Македонски | 211
Bosch Power Tools 1 609 92A 1YW | (8.7.16)
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на мерните апарати на графичката страница.
1 Блокирање на чивијата-граничник
2 Копче за постојан ласерски зрак
3 Копче за промена на функцијата
4 Копче за мерење на должини, површини и волумен
5 Копче за резултат
6 Копче Плус
7 Копче за мерење и континуирано мерење
8 Копче Избор на референтно ниво
9 Екран
10 Пребарувач на целната оптика (GLM 250 VF)
11 Копче за осветлување на екранот
12 Копче Минус
13 Копче за мерење на минимумот и максимумот
14 Либела
15 Копче за листата на измерени вредности
16 Копче за вклучување-исклучување и копче за
бришење на меморијата
17 Држач за врвката
18 Чивија-граничник
19 Натпис за
предупредување на ласерот
20 Сериски број
21 1/4"-навој
22 Преграда за батерија
23 Копче за заклучување на преградата на батерии
24 Помагало при израмнување
25 Прозорче на целната оптика (GLM 250 VF)
26 Приемна леќа
27 Излез на ласерскиот зрак
28 Заштитна ташна
29 Врвка за носење
30 Статив*
31 Ласерски очила*
32 Целна табла за ласерот*
* Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака.
Елементи на приказот
a Редови со измерената вредност
b Приказ за грешка „ERROR“
c Редови со резултат
d Индикатор на листата на измерени вредности
e Мерни функции
Мерење на должини
Мерење на површини
Мерење на волумен
Континуирано мерење
min
max Мерење на минимумот/максимумот
Единечно Питагорино мерење
Двојно Питагорино мерење
Комбинирано Питагорино мерење
Трапезно мерење
Функциј
а на тајмер
Мерење на ѕидни површини
Функција на трасирање
f Предупредување за батеријата
g Рефрентно ниво на мерењето
h Вклучен ласер
i Предупредување за температурата
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на
алкално-мангански батерии.
Со 1,2-волтни батерии се возможни помалку мерења
отколку со 1,5-волтни батерии.
За отворање на преградата за батерии 22 свртете го
копчето за заклучување 23 во позиција и извлечете ја
преградата за батерии.
При вметнувањето на батериите, внимавајте на точните
полови според сликите во преградата за батерии.
Доколку ознаката за батерија се појави п
рвпат на
екранот, возможни се уште најмалку 100 единечни
мерења. Функцијата континуирано мерење е
деактивирана.
Димензии
66 x 120 x 37 мм 66x120x37мм
Вид на заштита
IP 54 (заштита од прав и
прскање на вода)
IP 54 (заштита од прав и
прскање на вода)
A) Дометот ќе биде поголем, доколку ласерското светло подобро се враќа од површината на целта (контролно, не рефлектирачки) и доколку
ласерската точка е посветла во однос на околното осветлување (внатрешни простори, самрак). При неповолни услови (на пр. за мерење во
надворешен простор со јако сончево зрачење) можно е да е потребно, да ја употребите целната табла.
B) При неповолни услови како на пр. јако сончево зрачење или површина со лоша рефлексија, максималното отстапувањ
е изнесува ±20 мм
на 150 м. При неповолни услови се пресметува влијание од ±0,05 мм/м.
C) Во функцијата Континуирано мерење, максималната работна температура изнесува +40 °C.
D) Ширината на ласерската линија зависи од составот на површината и условите на околината.
E) Со 1,2-волтни батериски ќелии се возможни помалку мерења отколку со 1,5-волтни батерии. Наведениот рок на траење на батеријата се
однесува на мерења без осветлување на екранот и тон.
Серискиот број 20 на спецификационата плочка служи за јасна иденти
фикација на вашиот мерен уред.
Дигитален ласерски мерен уред на далечина GLM 150 GLM 250 VF
1
2
1
32
1
3
2
1
3
2
OBJ_BUCH-947-007.book Page 211 Friday, July 8, 2016 10:44 AM

212 | Македонски
1 609 92A 1YW | (8.7.16) Bosch Power Tools
Доколку ознаката за батерија трепка, мора да се
заменат батериите одн. батериските ќелии. Не може да се
изврши мерење.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете ги батериите од него. Доколку се
подолго време складирани, батериите може да
кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба.
Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. По силни надворешни влијанија на
мерниот уред, пред да го употребите за работа,
секогаш извршете контрола на точноста (види
„Проверка на точност на мерниот уред“, страна 218).
Вклучување/исклучување
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
За Вклучување на мерниот уред ги имате следниве
можности:
– Притиснете на копчето за вклучување-исклучување
16: Мерниот уред ќе се вклучи и се наоѓа во функција
на мерење на должини. Ласерот нема да се вклучи.
– Кратко притискање на копчето Мерење 7: Мерниот
уред и ласерот ќе се вклучат. Мерниот уред се наоѓа во
функција мерење на должини.
–
Долго притискање на копчето Мерење 7: Мерниот уред
и ласерот ќе се вклучат. Мерниот уред се наоѓа во
функција Континуирано мерење.
Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За Исклучување на мерниот уред притиснете долго на
копчето за вклучување-исклучување 16.
Доколку околу 5 мин. не се притисне ниедно копче на
мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради заштита
на батериите.
При автоматското исклучување, се задржуваат сите
зачувани вредности.
Процес на
мерење
По вклучувањето, мерниот уред секогаш се наоѓа во
функција на мерење на должини одн. континуирано
мерење. Другите мерни функции може да ги поставите со
притискање на односните копчиња за функции (види
„Мерни функции“, страна 213).
Како референтно ниво за мерење, по вклучувањето, е
избран задниот раб на мерниот уред. По притискање на
копчето Референтно ниво 8 може да го промените
референтното ниво (види „Бирање на реф
ерентно ниво
(види слики A–E)“, страна 212).
По изборот на мерната функција и референтното ниво, се
вршат сите понатамошни чекори со притискање на
копчето Мерење 7.
Поставете го мерниот уред со избрано референтно ниво
на саканата мерна линија (на пр. ѕид).
За вклучување на ласерскиот зрак, кратко притиснете на
копчето Мерење 7.
Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
Насочете го ласерскиот зрак кон целната површина. За
активирање на мерењето, одново притиснете кратко на
копчето Мерење 7.
При вклучен постојан ласерски зрак, мерењето започнува
веднаш по првото притискање на копчето Мерење 7. Во
функцијата континуирано мерење, мерењето започнува
веднаш по вклучување на функцијата.
Вообичаено, измерената вредност се појавува во рок од
0,5 с, а најдоцна по 4с. Времетраењето на мерењето
зависи од растојанието, светлосните услови и
рефлективните својства на целната површина. Крајот на
мерењето ќ
е се прикаже со сигнален тон. По завршување
на мерењето, ласерскиот зрак автоматски ќе се исклучи.
Доколку по околу 20 с. по визирањето не се изврши
мерење, ласерскиот зрак автоматски се исклучува заради
заштита на батериите.
Бирање на референтно ниво (види слики A–E)
За мерењето може да изберете четири различни
референтни нивоа:
– задниот раб на мерниот уред одн. предниот раб на
странично отворената чивија-граничник 18 (напр. при
ставање на надворешни агли),
– врвот на наназад склопената чивија-граничник 18
(напр. за мерење од агли),
– предниот раб на мерниот уред (напр. при мерење,
почнувајќи од еден раб на маса),
–навојот 21 (напр. за мерења со статив).
За избор на референтното ниво, притискајте го копчето 8,
додека не се прикаже саканото референтно ниво на
екранот. По секое вклучување на мерниот уред, задниот
раб на мерниот уред е претходно поставен како
референтно ниво.
Дополнителна промена на референтното ниво на веќе
извршените
мерења (напр. при прикажување на
измерените вредности во листата на измерени вредности)
не е можна.
Постојан ласерски зрак
По потреба мерниот уред може да го префрлите на
постојан ласерски зрак. Притоа притиснете на копчето за
OBJ_BUCH-947-007.book Page 212 Friday, July 8, 2016 10:44 AM