GLM250 VF激光测距仪数据表.pdf - 第214页
214 | Македонски 1 609 92A 1YW | (8.7.1 6) Bosch Power Tools Во редот со резултат c (во зависност од из б раната ф ункци ј а) ќ е се п рика ж е м ини м алната одн. м акси м алната из м ерена вредност. Т аа ќ е се п ре п …

Македонски | 213
Bosch Power Tools 1 609 92A 1YW | (8.7.16)
постојан ласерски зрак 2. На екранот непрекинато свети
приказот „LASER“.
Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
Ласерскиот зрак во оваа поставка, останува вклучен и
помеѓу мерењата, а за мерење, потребно е само еднаш
кратко да го притиснете копчето Мерење 7.
За исклучување на постојаниот ласерски зрак, одново
притиснете го копчето 2 или исклучете го мерниот уред.
Доколку постојаниот ласерски зрак се исклучи за време на
мерењето, мерењето автом
атски завршува.
Осветлување на екранот
За вклучување и исклучување на осветлувањето на
екранот притиснете на копчето 11. Доколку 10 с. по
вклучувањето на осветлувањето на екранот не се
притисне некое копче, тој се исклучува заради заштита на
батериите.
Сигнален тон
За вклучување и исклучување на
сигналниот тон притискајте на
копчето за промена на функција 3,
додека на екранот не се појави
приказ за поставување на тонот. Со
притискање на копчето Плус 6 одн.
Минус 12 ја изб
ирате саканата
поставка.
При исклучување и вклучување на мерниот уред,
избраната поставка за тон останува зачувана.
Менување на мерната единица
Мерната единица за приказ на измерените вредности
може да ја промените во било кое време.
На располагање ги имате следните мерни единици:
–Мерење на должини: м, см, мм,
–Мерење на површини: м
2
,
–Мерење на волумен: м
3
.
За промена на мерната единица
притискајте го копчето за промена
на функција 3, додека на екранот не
се појави приказот за мерна
единица. Со притискање на копчето
Плус 6 одн. Минус 12 ја избирате
саканата мерна единица.
Мерни функции
Едноставно мерење на должини
За мерење на должини притискајте го копчето 4, додека
на екранот не се појави приказот за мерење на
должини .
За целење и мерење притиснете
еднаш кратко на копчето мерење 7.
Измерената вредност ќе се
прикаже во редот со резултат c.
При мерење на повеќе должини
едно по друго, ќе се прикажат
резултатите од последните мерења
во редови каде е прикажана изм
ерената вредност a.
Мерење на времетраење
При континуираното мерење, мерниот уред може
релативно да се движи кон целта, при што измерената
вредност ќе се ажурира на секои 0,5 с. Напр. може да се
оддалечите на некое растојание од ѕидот, а моменталното
растојание секогаш ќе биде читливо.
За континуирано мерење најпрво изберете ја функцијата
мерење на должини и потоа притискајте на копчето
Мерење 7 додека на екранот не се пој
ави приказот за
континуирано мерење. Ласерот ќе се вклучи и мерењето
веднаш ќе започне.
Актуелната измерена вредност ќе
се прикаже во редот со резултат c.
Со кратко притискање на копчето
Мерење 7 завршете го
континуираното мерење.
Последната измерена вредност ќе
се прикаже во редот со резултат c.
Со долго притискање на копчето
Мерење 7 континуираното мерење стартува одново.
Континуираното мерење автоматски се исклучува по
5 мин. Последната из
мерена вредност ќе се прикаже во
редот со резултат c.
Мерење на минимум/максимум (види слики F–G)
Мерењето на минимум служи за соопштување на
најкраткото растојание од една фиксна референтна точка.
Тоа помага напр. при соопштување на вертикали и
хоризонтали.
Мерењето на максимум служи за соопштување на
најголемото растојание од една фиксна референтна
точка. Тоа п
омага напр. при соопштување на дијагонали.
За еднократно мерење на минимунот/максимумот
најпрво изберете ја функцијата за мерење на должини и
потоа притиснете го копчето 13. Во редот со резултат c ќе
се прикаже „min“ за мерење на минимумот. За мерење на
максимумот одново притиснете го копчето 13,така што ќе
се прикаже „max“
во редот со резултат. Потоа притиснете
го копчето Мерење 7. Ласерот ќе се вклучи и мерењето ќе
започне.
Движете го ласерот преку целта наваму-натаму (на пр. од
аголот на просторијата при одредување на дијагонали),
така што референтната точка на мерење (на пр. врвот на
чивијата-граничник 18) секогаш ќе стои на истото место.
OBJ_BUCH-947-007.book Page 213 Friday, July 8, 2016 10:44 AM

214 | Македонски
1 609 92A 1YW | (8.7.16) Bosch Power Tools
Во редот со резултат c (во
зависност од избраната функција)
ќе се прикаже минималната одн.
максималната измерена вредност.
Таа ќе се препише секогаш кога
моменталната измерена вредност
на должината е помала одн.
поголема од досегашната
максимална одн. минимална вредност. Во редовите со
измерени вредности a ќе се појават максималната
(„max“), минималната („min“) и актуелната измерена
вредност.
За завршување на мерењето на минимумот/м
аксимумот
притиснете кратко на копчето Мерење 7. Со одново
притискање на копчето Мерење, мерењето започнува од
почеток.
Мерењето на минимумот/максимумот може да се
употреби и при мерење на должини со другите мерни
функции (напр. мерење на површини). Затоа при
односното одредување на поединечните измерени
вредности притиснете го копчето 13 и тоа: еднаш за
мерење на
минимумот одн. два пати за мерење на
максимумот. Потоа притиснете го копчето Мерење 7 за
вклучување на ласерскиот зрак. Движете го мерниот
уред, за да се измерат минималната одн. максималната
вредност и притиснете на копчето Мерење 7 за
преземање на минималната одн. максималната вредност
во тековната пресметка.
При временски одложено мерење на должини и
функцијата на трасирање не се возможни м
ерења на
минимумот/максимумот.
Мерењето на минимумот/максимумот се исклучува
автоматски по 5 мин.
Мерење на површини
За мерење на површини, притискајте го копчето 4 додека
на екранот не се појави приказот за мерење на
површини .
На крај, измерете ја должината и ширината едно по друго
како кај мерењето на должини. Помеѓу двете мере
ња,
ласерскиот зрак останува вклучен.
По завршување на второто
мерење, површината автоматски
се пресметува и ќе се прикаже во
редот со резултат c. поединечните
измерени вредности стојат во
редовите со измерени вредности a.
Мерење на волумен
За мерење на волумен, притискајте го копчето 4 додека на
екранот не се појави приказот за мерење на волумен .
На крај, измерете ја должината, ширината и висината едно
по друго како кај мерењето на должини. П
омеѓу трите
мерења, ласерскиот зрак останува вклучен.
По завршување на третото мерење,
волуменот автоматски се
пресметува и ќе се прикаже во
редот со резултат c. поединечните
измерени вредности стојат во
редовите со измерени вредности a.
Вредностите над 999999 м
3
не
може да се прикажат, на екранот се
појавуваат „ERROR“ и „––––“. Волумените што треба да
ги измерите, поделете ги на поединечни мерења, за
одделно да се пресметаат и регистрираат нивните
вредности.
Индиректно мерење на должини (види слики H–K)
Индиректното мерење на должини служи за одредување
на растојанија, кои не треба директно да се измерат,
бидејќи има пречки во текот на зракот или нема целна
површина како рефлектор на располагање. Точни
резултати ќе се постигнат дури откако точно ќе се задрж
и
бараниот прав агол при односното мерење (Питагорина
теорема).
Внимавајте референтната точка на мерењето (напр.
задниот раб на мерниот уред) да стои точно на истото
место при сите поединечни мерења за време на мерниот
процес (исклучок: Трапезно мерење).
Помеѓу поединечните мерења, ласерскиот зрак останува
вклучен.
За индиректно мерење на должини, на располагање Ви се
четири мерни функции, со кои
може да се одредат
различни траси. За избор на мерната функција
притискајте на копчето за промена на функција 3, додека
не се прикаже ознаката за саканата мерна функција на
екранот.
a) Едноставно мерење со користење на Питагора (види
слика H)
Притискајте го копчето за промена на функција 3, додека
на екранот не се појави приказот за единечно Питагорино
мерење.
Измерете ги трасите „1“ и „2“ како при мерење на
дол
жини, по овој редослед. Внимавајте помеѓу трасата
„1“ и бараната траса „E“ да постои прав агол.
По завршување на последното
мерење, ќе се прикаже резултатот
за бараната траса „E“ во редот со
резултат c. Поединечните
измерени вредности стојат во
редовите со измерени вредности a.
b) Двојно Питагорино мерење (види слика I)
Притискајте го копчето за промена на функција 3, додека
на екранот не се појави приказот за двојно Питагорино
м
ерење.
Измерете ги трасите „1“, „2“ и „3“ како при мерење на
должини, по овој редослед. Внимавајте помеѓу трасата
„1“ и бараната траса „E“ да постои прав агол.
1
2
1
32
OBJ_BUCH-947-007.book Page 214 Friday, July 8, 2016 10:44 AM

Македонски | 215
Bosch Power Tools 1 609 92A 1YW | (8.7.16)
По завршување на последното
мерење, ќе се прикаже резултатот
за бараната траса „E“ во редот со
резултат c. Поединечните
измерени вредности стојат во
редовите со измерени вредности a.
c) Комбинирано мерење со користење на Питагора
(види слика J)
Притискајте го копчето за промена на функција 3, додека
на екранот не се појави приказот за комбинирано
Питагорино мерење.
Измерете ги трасите „1“, „2“ и „3“ како при мерење на
должини, по овој
редослед. Внимавајте помеѓу трасата
„1“ и бараната траса „E“ да постои прав агол.
По завршување на последното
мерење, ќе се прикаже резултатот
за бараната траса „E“ во редот со
резултат c. Поединечните
измерени вредности стојат во
редовите со измерени вредности a.
d) Трапезно мерење (види слика K)
Притискајте го копчето за промена на функција 3, додека
на екранот не се појави приказот за трапезно мерење.
Измерете ги трасите како при мере
ње на должини „1“, „2“
и „3“ по овој редослед. Внимавајте мерењето на трасата
„3“ да започнува точно на крајната точка на трасата „1“ и
помеѓу трасите „1“ и „2“ како и помеѓу „1“ и „3“ да постои
прав агол.
По завршување на последното
мерење, ќе се прикаже резултатот
за бараната траса „E“ во редот со
резултат c. Поединечните
измерени вредности стојат во
редовите со измерени вредности a.
Вре
менски одложено мерење на должини
Временски одложеното мерење на должини помага напр.
при мерење на тешко достапни места или доколку треба да
се спречи движењето на мерниот уред за време на
мерењето.
За временски одложено мерење на должини притискајте
го копчето за промена на функција 3, додека на екранот за
приказ на временски одложено мерење на должини не се
појави .
Во редот со измерена вредност a
ќе се прикаже периодот
од активирањето до мерењето. Овој период може да се
постави со притискање на копчето Плус 6 одн. Минус 12
помеѓу 1 с и 60 с.
Потоа притиснете го копчето
Мерење 7, за да го вклучите
ласерскиот зрак и да целите во
целната точка. Притиснете го
одново копчето Мерење 7, за да го
активирате мерењето. Мерењето
ќе се изврши по избраниот
временски интервал. Измерената
вредност ќе се прикаже во редот со резултат c.
Н
е се возможни додавање и одземање на мерни резултати
како и мерење на минимум/максимум кај временски
одложеното мерење на должини.
Мерење на ѕидни површини (види слика L)
Мерењето на ѕидни површини служи да се добие збир на
повеќе попоединечни површини со заедничка висина.
На примерот со слика треба да се одреди вкупната
површина на повеќе ѕидови, кои имаат иста висина на
просторот A, но различ
ни должини B.
За мерење на ѕидни површини притискајте на копчето за
промена на функција 3, додека на екранот не се појави
приказот за мерење на ѕидни површини .
Измерете ја висината на просторот A како при мерење на
должини. Измерената вредност („cst“) ќе се прикаже на
горниот ред со измерени вредности a. Ласерот останува
вклучен.
Потоа измерете ја должината B
1
на
првиот ѕид. Површината
автоматски ќе се пресмета и ќе се
прикаже во редот со резултат c.
Измерената вредност на должина
стои во средниот ред со измерени
вредности a. Ласерот останува
вклучен.
Сега измерете ја должината B
2
на
вториот ѕид. Прикажаната
поединечна измерена вредност во
средниот ред на измерени
вредности a се додава на
должината B
1
. Сумата од двете
должини („sum“, прикажана на
долниот ред со измерени
вредности a) се множи со зачуваната висина A. Вкупната
вредност на површината ќе се прикаже во редот со
резултати c.
Може да мерите должини по желба B
X
, тие автоматски ќе
се додадат и ќе се помножат со висината A.
Услов за точна пресметка на површините е, првата
измерена должина (во примерот висината на просторот
A) да е идентична за сите делови од површините.
За ново мерење на ѕидни површини со нова висина на
просторија A притиснете три пати на копчето 16.
Функција на трасирање (види слика M)
Функцијата за трасирање служи за пренос на фиксна
траса (вредност на трасирање), којашто може да се
измери или зададе. Т
аа помага на пр. при трасирање на
растојанија за меѓу-ѕидови во сувоградбата.
1
3
2
1
3
2
OBJ_BUCH-947-007.book Page 215 Friday, July 8, 2016 10:44 AM